Македонски државјанин уапсен во Грција поради пренесување нелегални мигранти

Грчката полиција во регионот на Дојран, уапси 55-годишен македонски државјанин, бидејќи во приколката од неговиот камион биле пронајдени 11 нелегални мигранти, кои требало нелегално да ги изнесе од Грција.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од истрагата на полицијата произлегло дека мигрантите во Грција влегле преку нелегален премин на грчко – турската граница.

Камионот бил запленет, а уапсениот македонски државјанин ќе биде изнесен пред јавен обвинител во Кукуш.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ