
Геровасили: Моментумот во преговорите за името е идеален
Министерката за административна реконструкција во владата на Грција, смета дека преговорите за името се во идеална состојба, наспроти тврдењата на лидерот на опозициската Нова демократија дека во овој момент нема околности за решение.
– Во овој момент, преговорите се во тек под покровителство на Обединетите нации. Се прават значителни напори и од двете страни. И покрај она што го кажува Мицотакис, моментумот е идеален. И ја користиме оваа ситуација, како што би направила секоја одговорна влада, покажувајќи разумност, преговарачки способност, а имајќи ја како единствен водечки критериум, одбраната на нашите национални интереси, вели Геровасили.
Таа ги повтори грчките позиции за сложено име се севкупна употреба и објасни дека ако не се постигне конечно решение, тогаш ќе се случи она што ги плашело оние кои излегле на протестите во Грција.
– Денес над 100 земји, ПЈРМ ја имаат признаено како „Македонија“. Сакаме ова да остане вака? Нам не интересира да се реши името, што е катализатор за целосна нормализација на билатералните односи? Или сакаме прашањето да се влече уште 20 години, како што предложи господинот Мицотакис?, прашува грчката министерка упатувајќи критики до опозициската Нова демократија.