ДУИ ја прослави независноста на Косово

Свечена атмосфера надополнета со звуци на класична музика. На централно место слика од двајца команданти на УЧК Адем Јашари и Фехми Ладровци. Најубав поглед кон нив имаа лидерот на ДУИ Ахмети и амбасадорот на Косово. Заедно со целото раководство на ДУИ ја прославија 10 годишнината од независноста на Косово.

Имам морална и национална одговорност да го организирам овој настан, одговара Ахмети на прашањето зошто во Македонија се одбележува празник на друга држава

Најави средба со лидерот на опозицијата Мицковски, На неа ќе се разговара за законите кои се од бенефит на државата и се во интерес на побрзо приближување кон ЕУ, но не и за амандамните кои ги поднесе ВМРО ДПМНЕ. Нема да направам никакви напори да го убедам лидерот на опозицијата да ги повлече, вели Ахмети бидејќи тоа е друго прашање, друга стратегија.

Лидерот на ДУИ го повтори ставот дека не треба да се организира референдум за името бидејќи како што кажа тој може да се злоупотреби од одредени земји и институции кои не сакаат Македонија да чекори напред кон ЕУ и НАТО. Според него потребен е билатерален договор по примерот на ратификација на договорот за добрососедство со Бугарија

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ