
13 лица под истрага за криумчарење мигранти
14 криумчари за 4 месеци од Грција до Србија пренеле 395 мигранти. Мажи, жени, деца, цели семејства од Авганистиан, Пакистан, Бангладеш и Ирак се возеле во багажници од јужната до северната граница. Плаќале до 250 евра за еден човек, а групата успеала да заработи 200 илјади евра.
Откако ќе биле прифатени мигрантите од страна на членовите на групата биле сместувани во автомобили или багажните простори на автомобилите и со брзина од над 200 км/час биле превезувани до договореното место, притоа загрозувајќи го сопствениот живот, животот на мигрантите и на другите учесници во сообраќајот,
велат од ЈО.
Имале хиреархија и шефови, и двајца полицајци.
Полициските специјалци изутрнива им влегле во домовите во Арачиново, Валандово, Струмица, Гевгелија, Скопје, а обвинителството ги гони за кримучарање мигранти и побара притвор за нив.
Павле Беловски