Оставка за 50 евра ќеиф

Асим Муса поради 50 евра ја напушти политиката и се врати на урологијата и на медицината во која е 23 години. Албанската телевизија Топ Ченел објави видео во кое се гледа како тој зема пари, а новинарите од соседството тврдат дека ги зел парите и барал уште за операција во Македонија.

Непостоечки спектакл и медиумско дивеење, го објасни видеото Муса на својата прва и последна самостојна прес конференција во владата.

Се гледа и слуша на видеото дека нема барање за мито, туку нивно инсистирање да се земат парите, рече Муса, но се повлече од својата функција.

Но не остана да одговори на новинарски прашања, Муса веднаш го напушти пултот без да објасни дали сега ќе соработува со истрагата за што струшкото обвинителство на чија територија се снимени 50-евра и Муса, отвори предмет. Преку меѓуанродна правна помош ќе ги бараат оригиналните снимки од телевизијата која ги објави, а на исказ во текот на постапката ќе биде повикан и самиот функционер и лекар Муса. Алијансата за Албанците застана пред зградата каде е досегашната канцеларија на Муса и бара правна одговорност од власта, а потсети и дека уште пред 10 дена барале оставка од заменикот поради лоша сосотојаб со болници и незаконското учество на Муса во операции иако е функционер. ДУИ пак оставката ја смета за партиска порака дека се борат против корупцијата и криминалот во своите редови, и се надеваат дека Муса ќе докаже невиност пред истражните органи.

Асим Муса беше заменик министер година и пол, а ја доби позицијата по заминувањето на Таравари.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ