
Книгата за Македoнците во Албанија ја блокираше сметката на Институтот за национална историја
Научното истражување каде и како живеат Македонците во Албанија е завршено, издадена е книга, а авторката професор Катерина Тодороска не ги добила сите пари за сработеното. По 5 години низ судските ходници и две судски одлуки во нејзина корист сега извршител ќе треба да ги наплати 12-те илајди евра надоместок за трошоци на Тодороска од Министерството за образование. Дотогаш сметката на нејзниот работадавач Институтот за национална историја останаува блокирана.
Во 2010 година тогашниот министер за образование Никола Тодоров одборил 17 проекти од национален инстерес. Тој си заминал од функциајта, но и неговите наследници не сакале да ги исплаќаат трошоците од проектот.
За Телма од министерството за образование потврдуваат дека биле финансирани вакви истражувања, кои ги одобрувале комисии и рецензенти, но во 2012 конкурсот не бил повторно објавен иако сите средства не биле исплаќани.
„Од министерството за образование велат дека ќе го истражат случајот во кој најверојатно станува збор за проекти кои во минатото прекинале да се финансираат од министерството и покрај договорните обврски. МОН ќе ги превземе и испочитува сите законски обврски од договорот и судското решение за да се надминат проблемите од минатото“ се вели во дописот на Министерството за образование
Судот оставил можност да се избегне наплата со извршител, но директорот на институтот за национална историја професор Драги Ѓорѓиев е на патување, а одговор не и дал и на неговата вработена и соработничка зошто во рокот од 15 дена не побарал од Министерството за образование доисплата на сумата. Тодороска плаќала соработници за да го истражи животот и миграциите на македонците во Албанија од 1912 до 1991 година. Книгата е промовирана на 23 октовмри 2014 во Тирана симболично на денот на ВМРО. Оттогаш 35-те испечатени примероци се продаваат од сума за 3500 денари.
Павле Беловски