
Струмичкиот карневал во стилот на карневалот во Рио де Жанеиро
Егзотичните убавици во сексапилни костими од Аруба, го отворија струмичкиот маскенбал во стилот на карневалот во Рио. Атмосферата синоќа ја вжештија и гостите од Германија со неверојатниот перформанс.
Струмичките карневалџии не изневерија со креативноста и овојпат. Од пеперуги до волшебни суштества дефилираа на маскенбалот, покажувајќи ги рачно работените костими на коишто потрошиле стотици часови работа.
На маскенбалот се избраа и овогодинешните принц и принцеза кои се на чело на поворката на вечерашното дефиле.
На вечерашниот карневал се очекуваат околу илјада и седумстотини маскирани учесници кои поединечно и во групи ќе танцуваат по струмичките улици.
Сузана Мицева