Сообраќајки и случај без судски епилог

Источниот регион е втор по црната статистика во сообраќајот. Лани на патиштата во овој регион загинаа 30 лица во 321 сообраќајна несреќа, покажуваат податоците на МВР. Но, зад бројките стојат човечки судбини, ужалени семејства, кои ја бараат и правдата пред македонските судови. Здравка Колева која живее во Италија пред две години ја загубила својата 21 годишна ќерка Наталија. На патот Зрновци – Кочани, во октомври 2015 година, Наталија како сопатник на мотор во судир со трактор се здобила со тешки телесни повреди, битката за нејзиниот живот на клиниките во Скопје и Италија траела половина година. Правдата за нејзината смрт ја бараат преку судот.

Ниту судијата, кој остро реагирал , ниту Колеви биле информирани неколку дена претходно дека повторно ќе се одложи рочиштето. Секое влегување во судницата за Колева како мајка е болно.

Колева бара да се открие кој е виновникот за смртта на нејзината ќерка, но и поголема ажурност и ефикасност од страна на институциите при ваквите  процеси.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ