
Ситуацијата е драматична, оценка на експертите во Топ Тема
Ситуацијата е драматична, оценуваат гостите на Топ Тема на Телма, откако на вечерашниот состанок во Луксембург на амбасадорите на земјите-членки на Европската унија не поминаа заклучоците на финското претседателство, односно да се даде датум за почеток на преговори со Македонија, а во меѓувреме да се промени методологијата на преговарање на која инсистира Франција.
Еве дел од дебата помеѓу Љупчо Петковски, извршен директор на „Еуротинг“, Горги Спасов, поранешен амбасадор и Мухамед Халили, аналитичар.