Заедничката Комисија за историја со Бугарија утре на нова средба во Охрид

Заедничката Комисија за историја со Бугарија утре во Охрид треба да одржат нова средба, неколку дена откако бугарската влада ги испорача условите околу македонскиот јазик, прашањето на малцинстовото, но и за нејзината работата околу усогласување на  заедничката историја до 1944 година. Со македонските историчари од Комисијата денеска разговараше премиерот Заев.

Од владата информираат дека средбата била во рамки на тековите консултации за работата на Комисијата.

„На средбата беше истакнато дека Владата останува посветена на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и на негувањето на дијалогот и градење на заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на Комисијата“, се наведува во соопштението по средбата.

Премиерот кој утрово ја најави средбата со историчарите, не кажа со каква порака ќе настапи пред нив, но од соопштението по средбата јасно е дека Комисијата продолжува со својата работа и со имплементација на Договорот. За Бугарија рече дека таа очекува да се зголеми имплементација на Договорот

  • Секако тие ќе го номинираат тоа низ поглавјата дека ние мора да го исполниме Договорот. И да ги постават или не, ние пак ќе мора да го исполниме Договорот. Нормално тие прават декларации со кои сакаат уште еднаш да го потврдат она што го очекуваат од идната имплементација на Договорот за добрососедство, истакна премиерот Зоран Заев.

Она што пак Бугарија го презела како обврска во Договорот, рече Заев, е да ја поддржи интеграција на земјава во ЕУ и НАТО. Тој очекува на претстојниот Европски совет Бугарија да биде една од оние змеји која ќе се борат за Македонија повеќе од другите. Тој очеква на претстојниот Европски освет Бугарија да биде една од оние змеји која ќе се борат за Македонија повеќе од другите.

Зеаев кој денеска не откри каква порака има за истричарите и нивната работа, беше јасен пак во тоа како гледа на новите услови од Бугарија.

  • Првото прашање е дека таа има избори. Кога политичарите имаат избори се се случува. Но секако тоа не го намалува нашето пријателство, вели Заев.

Заев и денеска повтори дека имплемнтацијата на Договорот е обврска на двете страни.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ