Новите услови за пензионирање – во работна верзија

Новите услови за пензионирање – се во работна верзија, но конечно решение нема. Станува збор за предлог закон на пратеничка група од СДСМ, но кои се креатори не се обелоденува, ниту што точно ќе се менува.

Од Собранието посочуваат дека законските измени се подготвуваат и најверојатно ќе бидат на дневен ред на првата нова собраниска седница. Министерката за труд, Царовска –  детали не соопштува, но вели се работи за пакет закони со кој треба да ослободат работни места за младите луѓе.

Сепак, бизнис секторот нема да биде ограничен да не може да го продолжи работниот однос на вработениот до 67 години.

„Бизнис секторот нема никаква потреба да не го продолжува работниот однос за работниикот за кој има потреба. Законот за работни односи регулира дека може да продолжат и по 67 години доколку има потреба. Јавната администрација со години се обидуваме да ја реформираме и ослободиме а со ова добиваме дополнителна стартна позиција да младите кои се кадарни да влезат во нејзе секако оние кои се повозрасни да се пензионираат. А во реалниот сектор доколку компанијата има потреба да гја зголеми својата продуктивност со одредено возрасно лице и може да го остави.

-Дали ова ќе важи само за јавната администрација?

Законите ги носат група пратеници, ве молам обратете се таму“

Што точно ќе значат измените и кого ќе засегнат засега не се откриваат детали. Сегашниот закон предвидува дека работникот со писмена изјава  може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години а работодавачот е должен по дадената изјава да го продолжи договорот за вработување.

Наташа Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ