
Оптимизам кај владата дека и Макрон ќе даде зелено светло
Новата методологија за проширување на ЕУ, што ја бара Франција, не мора да го одложи стартот на преговорите со Македонија, смета премиерот.
Дебатата за ова прашање, вели, може да се води паралелно со преговорите.
И опозицијата смета дека одлуката на ЕУ треба да биде позитивна.
Попладнево и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе се обрати пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, пред кој ќе го претстави напредокот на државата.
За време на посетата ќе има и поединечни средби со пратениците, а ќе се сретне и со дел од министрите кои ќе учествуваат на Советот за општи работи на 15 октомври.
Далиборка Демјанска Цветановска