Меркел во последен обид да го убеди Макрон за датумот за преговори со Македонија и Албанија

Новинарите кои го чекаа исходот од работната вечера во Елисејската палата, меѓу францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Меркел, не успеаа да дознаат дали една од темите била и проширувањето на ЕУ.

Најавите беа дека канцеларката ќе се обиде да го смени тврдиот став на Макрон, кој смета дека Македонија и Албанија не треба да добијат датум за почеток на преговори со ЕУ.

Франција е единствената која смета дека „Македонија не ги исполнува потребните услови“ за почеток на преговорите. Ставот на Емануел Макрон е изолиран, бидејќи пред осум дена четворицата први луѓе на европските институции повикаа во заедничко писмо за започнување на преговорите со Македонија и Албанија.

Ова одбивање предизвикува незадоволство кај европските дипломати, кои го обвинија Париз дека ја загрозува стабилноста на Балканот, за чија стабилност Париз официјално се залага. Ова уште повеќе што на два пати ЕУ одлучи да го одложи започнувањето на преговорите.

Главна тема на работната вечера меѓу Макрон и Меркел беа Брегзит и турската офанзива врз Сирија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ