
Мириса на избори
Едните тргнаа на прав пат, другите во обнова. Предизборна сценографија иако нема датум за избори.
Трибини, кампањи, средби со граѓани. Секој во обид да покаже дека токму тој е вистинскиот избор за иднината на државата.
Се користат државни ресурси, се заобиколуваат правила и прописи, отчет нема.
Се правдаат дека ова не е предизборна кампања.
Целта им била да се приближат до граѓаните, да ги слушнат нивните проблеми. Но наместо тоа, на трибините го прават спротивното.
Микрофонот го користат како средство за напад на противникот.
И власта и опозицијата се обидуваат да го анимираат гласачкото тело вклучувајќи ги своите капацитети за оцрнување со големи и мали афери.
Опозицијата бара предвремени парламентарни избори во март следната година а власта смета дека идеалне датум би бил октомври.
Премиерот Заев вчера рече дека дури и да нема датум за почеток на преговори со ЕУ, избори нема да има, а доколку добиеме датум тогаш тој ќе оди на меден месец наместо на избори.
Јулијана Пешевска