
ДПА: Париз планира да ги блоркита преговрите за членство во ЕУ на Скопје и Тирана
Франција планира да го блокира стартот на преговорите за членство во Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ова денеска го објавува германската новинска агенција ДПА повикувајќи се на француски диполмати кои и денеска ја повториле ваквата порака. Во текстот на ДПА се вели дека официјален Париз не отстапува од намерата да го блокира почетокот на преговорисо Македонија и Албанија на министерскиот совет во Луксембург следната недела.
Ваквиот потег ја носи Франција во директен судир со мнозинството земји-членки на ЕУ, и особено со Германија која, по одлуката на Бундестагот инсистира да се исполни ветеното кон Скопје и Тирана. Во недела германската канцеларка Ангела Меркел ќе го убедува францускиот претседател Емануел Макрон да даде зелено светло за Македонија.
„Се надеваме дека Париз уште еднаш ќе размисли за својата позиција и дека нема да дозволи да биде изолиран во Европа од внатрешно-политички причини“, вели дипломат во Брисел.