
Празничен оптимизам на власта, иако Франција најави одложување на почетокот на преговорите
Празничен оптимизам на власта, иако Франција најави одложување на почетокот на преговорите поради тоа што сака јасна методологија за начинот како да се преговара со новите кандидати кои го чекаат зеленото светло од Брисел.
Претседателот од Виена, премиерот од пролсавите на 11-ти октомври сметаат дека има логика од она што Франција го бара на разговорите со другите земји членки на НАТО. А се барааат дополнителни реформи во земјата како и во Албанија, додека дипломатски извори за МИА навеле дека Македонија мора да приложи дополнителни напори посебно во делот на Специјалното јавно обвинителство. Разговорите во Брисел за таа цел не се завршени, пораките се примени, ама оптимизмот е празничен и се верува во добра вест од ЕУ.
Утешни зборови со позитивен предзнак стигнаа од францускиот амбасадор кој во Куманово заедно со владиниот врв го прослави денот на востанието. Сите земји од ЕУ се согласни во едно дека местото на Северна Македонија и е во ЕУ, рече Тимоние кој објасни дека одлуката ќе се знае на крај на бриселските разговори.
Франција бара и реформи внатре во Унијата како и заеднички политики за справување со климатските промени и со миграцијата, но отстапките кои ги спомна Заев меѓу кои и преспанскиот договор немаат голема вредност кај француските дипломати за проширувањето. Така барем изјавил и изворот на МИА кој навел „За нас Преспа нема никаква врска, тоа е историски договор, но не е директно поврзан со процесот на проширување, важен договор е, и потребен, но не треба да се очекува дека тој ќе го одблокира процесот на проширување“. Оптимизмот кај власта сепак тлее до последниот ден кога ќе се носи одлуката.
Миомир Серафиновиќ