
Град Скопје ќе го отстранува времениот објект што го постави на покривот на ГТЦ
Град Скопје ќе го отстранува времениот објект што го постави на покривот на ГТЦ. Градските власти признаваат дека одлуката е донесена по острата реакција во јавноста, и најавуваат дека на негово место ќе се посади трева со ниско украсни цветни аранжмани во согласност со проектот за зелен кров на ГТЦ.
Посочуваат дека работата на останатиот дел од покривот е во полн ек и во текот на следната недела ќе почне поставување на земјената подлога а потоа и на зеленилото.
Од Асоцојацијата на архитекти посочуваат дека за да нем вакви проблеми потребно е претходно да се објавуваат конкурси и да има консултација со фелата.