Државата нема регистар за бездомници

Хасан Аметовски е само еден од стотина бездомници во Македонија. Пред повеќе од 20 години, откако фирмата во кој работел отишла под стечај завршил на улица. Иако со години нема дом,  Хасан не се откажал. Веќе 7ма година продава списанија и вели дека работата му помага да се ресоцијализира. Затоа што нема покрив над глава , поголем дел од времето зависи од други , па во моментов привремено престојува кај пријател.

Аметовски пред да почне да продава весници , бил одбиван  од газди кога барал работа. Додава и дека бездомните лица не добиваат шанса од работодавците , а општеството се уште има предрасуди за лицата кои се на улица.

Заедно со уште 90 луѓе  денеска на светскиот ден на бездомниците , зема храна , облека и средства за хигена во Момин Поток. 

Македонија нема регистар на бездомници. Неофицијално во Македонија има 300, но бројот расте. Па така само во последните 3 години , 90 бездомни лица ги користат услугите на Црвениот Крст на Град Скопје. Со намалувањето на температурите во зима , се зголемувата проблемите на оваа група на граѓании , кои дење и ноќе се на улица.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ