
“Мал Шенген” на Балканот
Се воспоставува ,, мал Шенген,, на Балканот. Македонија, Србија и Албанија во Нови Сад потпишаа декларација за регионална соработка и економска интеграција, отстранување на бариерите за бизнис и слободен проток на стоки, луѓе и услуги во трите држави
Очекувањата се до крајот на 2021 година границите на државите да се преминуваат само со лични карти.
Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ваквиот начин на соработка ќе доведе до раст на странските инвестициии, намалување на невработеноста, зголемување на конкурeнтноста.
Албанија, Србија и Северна Македонија се земји кои се на европскиот пат, но со денешниот договор решија да ја земат судбината во свои раце и повеќе да не чекаат на нечии одлуки за тоа колку можеме да направиме за сопствениот интерес . Зошто да не работиме подобро и повеќе меѓу себе, кој не спречува во тоа? – изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Премиерот на Албанија Еди рама порача дека регионот мора да оди напред а иницијативата е отворена за сите од Западен Балкан.
Доволно е да ви кажам еден пример за да разберете колку очајнички ни е потребно да одиме напред, а тоа се 26 милиони часови чекање кое се троши на граничните премини, посочи албанскиот премиер, Еди Рама.
Домаќин на трилатералната средба беше српсиот претседател Вучиќ. Следниот состанок ќе се одржи во Охрид.
Јулијана Пешевска