
Ќе се бара нов инвеститор за Веибо ако стариот се откаже
Владата ќе се вклучи во решавање на проблемот со Веибо Груп во Крива Паланка. Ќе бара инвеститор кој би ги вработил 210 работници доколку постоечкиот сопственик реши да си замине.К акви му се плановите ќе се знае во понеделник, кога пред владата сопственикот ќе треба да појасни што ќе прави со фабриката.
„Веибо е пример кога сакаме брза странска инвестиција, а не е проверена. Неодоговрен однос од двете страни, а резултат на тоа е денешната ситуација, 200 да останат без работа. Како влада можеме да ги направиме сите можни чекори за да дојде соодветен инвеститор. Денеска имавме веќе два состанока за решавање на тој проблем, работниците да се трпеливи, порача Кочо Анѓушев вицепремиер на РМ.
Работниците на Веибо со недели протестираат и си ги бараат неисплатените три плати и прекувремените часови. Не јасно е зошто ваквата пракса била толерирано од страна на инспекцијата за труд. Анѓушев уверува дека инспекторатот не е виновен заради неликвидноста на фирмита која оди кон банкрот поради долгови за струја и бројни доверители. А најголем механизам на заштита од повторување на судбината на Веибо рече тој е законот за економски раст.
Законот за економски раст не дава авансно пари ни на еден инвеститор, туку стимулираме во раст на економијата и рефундирање пари ако има резултат. Авансното плаќање заврши. Ќе стимулираме резултати и успех, а тоа е најголема гаранција дека вакви работи нема да ни се случуваат, додаде Анѓушев.
Блокирањето патишта според работниците е единствен спас за состојбата во која се најдоа откако минатиот месец останаа без работа со образложение дека погонот се затвора затоа што нема нарачки. Пред 10 дена состојбите кулминираа кога дел од вработените го блокираа излезот од фабриката на управителката и уште неколку турски државјани сомневајки се дека ќе изнесуваат документација или текстилни производи.
Веибо груп беше долго најавувана странска инвестиција од страна на бившата влада. Се ветуваа 5000 вработувања, отворање на неколку текстилни фабрики и инвестиции од 400 милиони долари.
Виолета З Стојановска