
Планиран обид за убиство на Заев на 27-ми април во Собранието, тврди Фокус
Имало планиран обид за убиство на Заев на 27-ми април во Собранието, тврди неделникот Фокус. Од обвинителството не одговорија за овие сознанија на весникот. Фокус објави дека преку телефонски снимки е откриено дека наводниот атентатор се жалел дека немал чиста мета.
Телефонски разговор снимен по 27-ми април меѓу двајца учесници во насилствата на крвавиот четврток открива план за убиство на Заев во Собранието, неделникот Фокус ја објави оваа информација повикувајќи се на свои извори.
-Истражните органи обезбедиле телефонски разговор. Едниот од нив го кара другиот и го прашува зошто не го убил Заев, кога тоа било договорт. Соговорникот се правдал дека се обидувал но немал чиста мета, пишува неделникот Фокус.
Од обвинителството за организиран криминал што ја води постапката против вкупно 35-мина осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, не одговорија на нашите повици за деатали околу објавеното.
Во притвор е и Кумановецот Игор Југ кој меѓу другото е осомничен и за нелегално носење на оружје. Него постојано му е продолжуван притвор, а од обвинителството нема одговор дали му е најдено оружје. Фокус цитира и друг телефонски разговор според кој еден од притворените осомничени на својот соговорник му викал дека копилето требаше да биде мртво, а според неделникот тоа се однесувало на Заев. Весникот не објави имиња на луѓе чии разговори се објавени.
Обвинителството досега не одговори на прашањата поврзани за овие сознанија.
Инаку организиран криминал досега ги заврши сите распити на осомничените, а продолжува со земње изјави и од сведоци. Сомнежите се дека крвавиот четврток бил испланиран до детали и дека сите имале определена задача за 27-ми април кога се одиграа насилствата во македонското Собрание.
Миомир Серафиновиќ