
Куќен притвор за Јасна Мандиќ
Судија на претходна постапка ѝ одреди куќен притвор на Јасна Мандиќ, потпретседателка на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13, поради опасност од бегство, уништување на докази, влијание врз сведоци и други основи.
За другите тројца осомничени во проширената истрага на Рекет обвинителката Русковска вечерва изјави дека побарали мерки на претпазливост: одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиште (Скопје) и еднаш неделно задолжително јавување во судот.
“Тројцата утре ќе треба да дојдат пред судијата на претходна постапка и за нив дополнително ќе се одлучува“, изјави вечерва Обвинителката Русковска.