Хан „сосема сигурен“ дека спорот за името ќе се реши до јули

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изрази увереност дека Македонија ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција пред јули. Хан смета дека се уште е рано да се оцени дали некоја од земјите кандидати за членство ќе добие датум за преговори пред крајот на бугарското претседателство, но не ја исклучи можноста.

„Сите овие земји за опкружени со членки на Унијата и прашање на време е дали порано или подоцна ќе ја добијат можноста да бидат членки на ЕУ“, кажа Јоханес Хан – Комесар на ЕК за проширување и соседска политика.

Оптимизам дека на состанокот на Европскиот совет во јуни ќе се донесе одлука за отворање на преговорите со Македонија, изрази и македонскиот министер за надворешни, Никола Димитров. Тој рече дека идната недела очекува да биде готов документот со грчките идеи за решавање на спорот.

„Тоа би бил голем повод за заедничка прослава. Правиме се што можеме во јуни да има политичка одлука и правиме се што можеме и Грција да ја убедиме да биде дел од тој консензус за Македонија во јуни. Тоа ќе биде добра работа за Македонија, за Бугарија, за сите наши соседи, но и за Балканот и Европа“, кажа Никола Димитров – Министер за надворешни работи на Р. Македонија.

Димитров ја поздрави и Стратегијата на ЕК за перспективите на проширувањето со земјите од Западен Балкан, со која се потврдува иднината на  регионот, како геостратешка инвестиција во стабилна, цврста и обединета Европа, заснована на заеднички вредности.

„Тоа беше прва прилика министрите на 28-те земји членки да дискутираат за стратегијата за Западен Балкан, која заедно со комесарот Хан ја претставивме минатата недела во Стразбур. Имавме многу позитивна дискусија со министрите, каде видов јасно единство во подршката за работата која ја вршиме заедно со бугарското претседателство, за да ја гарантираме заедничката иднина внатре во ЕУ со нашите партнери во регионот“, кажа Федерика Могерини – Висок претавник на ЕУ за надворешна политика и безбедност

Димитров на покана на Еврокомесарот Хан и Високата претставичка на Унијата, Федерика Могерини присуствуваше на министерскиот состанок во Софија. На Гинмих состанокот покрај за стратегијата за Западниот Балкан министрите дискутираа и за европската безбедност, турската воена операција во Сирија како и за надворешната полтика на Унијата.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ