
Сомнително прислушување во АНБ, обвинителството ќе проверува
Сомнежи дека наредбите за прислушување во АНБ се само продолжение на оние што ги спроведувало УБК, а не нови наредби соодветни на реформите. Поради ова комисијата за надзор на следењето на комуникациите ќе го извести обвинителството за да провери дали има нелегално прислушување или пак тоа што го прави новата Агенција е во ред.
Не прејудицираме вина туку мора да се провери бидејќи за се била известена и ОТА од последното раководство на уништената УБК. На комисијата која беше зад затворени врати беше и директорот на АНБ, Виктор Димовски, кој понудил објаснување, но комисијата сепак одлучи да го извести обвинителството.
АНБ има можност да следи комуникации само на лица кои се сомнителни за потенцијални терористички дела или ја загрозуваат безбедноста. Димовски по завршувањето на својот исказ само помина покрај новинарите и не даде објаснување ниту за следењето на комуникации ниту за роднинските вработувања во АНБ.
Од друга страна како што веќе за КОД на Телма изјави претседателката на антикорупциска, ДКСК испратила јасна препорака- во тајната служба да се избегнат роднински вработувања. Но и покрај тоа биле селектирани роднини од УБК за транфер во новата агенција по што ДКСК сега најавува проверка.
Од АНБ пак тврдеа дека конфилктот на интереси во тајната служба ќе се избегне така што роднините ќе ги прераспоредуваат во различни оддели во агенцијата.
Миомир Серафиновиќ