
Рахиќ: Затворскиот чувар веднаш е суспендиран
„Затворскиот чувар е суспендиран и на барање на заповедникот покрената е дисциплинска постапка против него“, соопшти за Телма, директорот на затворот Скопје во Шуто Оризари, Есад Рхиќ.
Реакцијата на директорот на затворот следува веднаш по објавувањето на видео снимката на која се гледа затворскиот чувар, кој недолично се однесува.
Телма веќе ја објави снимката на која еден затворски чувар, кој учествува во спроведувањето на осомничениот Борјан Јовановски од обвинителството до автомобилот на Брзата помош, ги посочува своите гениталии.