
Централен регистар со реакција до Шилегов
Не се јасни причините поради кои градоначалникот Шилегов неосновано го критикува Централниот регистар.
Носењето на “храбри” одлуки со кои се кршат законите за што се сноси и кривична одговорност не е одлика на оваа власт, а за истото да не се случува се боревме со години заедно со градоначалникот Шилегов.
Во случајот со Дрисла, градоначалникот во име на град Скопје бара од Централниот регистар незаконски да постапува и истовремено се заканува со одговорност, реагира директорката на Централен регистар, Марија Бошковска – Јанковски на изјавата на Шилегов дадена синоќа во Топ Тема поради неажурност на Централниот регистар град Скопје нема воспоставено владение над Дрисла, изјави градоначалникот Петре Шилегов во вчерашната Топ Тема. Најави дека ако проблемот наскоро не се реши ќе бара разрешување, но и кривична одговорност од директорката.
„Централниот регистар не е институција која може да врши поништување на уписи, тоа е работа на судовите. Затоа го повикуваме и охрабруваме градоначалникот на град Скопје да поведе постапка за ништовност на упис пред надлежниот суд , за која има законски основ, пишува во писмената реакција на Бошковска Јанковски.