Ребалансот на буџетот на собраниска седница

            Со ребалансот на буџетот, за Агенцијата за национална безбедност ќе се издвојат 99 милиони денари, за колекторскиот систем на Охридското езеро 183 милиони, за судството и обвинителството 244, за поврат на ДДВ 300 милиони, за зголемување на платите во приватниот сектор 400 милиони денари.

            За опозицијата, ова е само популизам. Забележува дека се крати од се што може да донесе бенефит за граѓаните: од парите за изградба на железница кон Бугарија, од изградба на водоводи, канализации, градинки, болници…

            СДСМ направи серија споредби со периодот на владеење на ВМРО ДПМНЕ.

         Вкупните приходи се планирани на 210,5 милијарди денари, а расходите на 228,2 милијарди. Дефицитот е непроменет и е позициониран на 2,5 одсто од БДП. По 10-дневната амандманска расправа, пратениците може да дискутираат најмногу пет работни дена.

Ребалансот на Буџетот стигна на собраниска седница. Министерката за финансии, Нина Анѓеловска од собраниската  говорница ги убедуваше пратениците дека се обезбедени повеќе пари за граѓаните – власта со обвинување дека – буџетот е попустички и не носи развој. Анѓеловска додаде дека јавниот долг изнесува 5.3 милијарди евра што е 46,6 отсто од БДП со што земјава е  умерено задолжена земја.

Таа додаде дека вкупните потреби за финансирање во 2019 година изнесуваат 34 милијарди денари и дека ќе се обезбедат преку комбинација на задолжување во странство и на домашниот пазар на државни хартии од вредност

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ