
Министерството за правда ќе послуша само официјално мислење на Венецијанската комисија за законот за јазици
Министерството за правда ќе започне со имплементација на препораките на Венецијанската комисија веднаш по усвојувањето на мислењето на експерите. Правда и Владата се воздржуваат од каков било коментар по објавувањето на документот од ,, Плус инфо,, од драфт заклучоците во кои се наведува дека законот ќе го загрози функционирањето на правниот систем особено во делот на судските постапки и висината на казните.
„Мислењето на експертите на Венецијаската комисија е класифицирано се до неговото усвојување од комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да го коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него.“, велат од Министерството за правда.
За ВМРО ДПМНЕ ова е правна шлаканица за Владата. Бараат од функционерите да сносат политичка одговорност од морални причини.Регаираат и на неприфаќањето на барањето за повлекување од дневен ред на Законот за инспекторат на јазиците за кој тврдат дека нема основа да се носи во услови кога има препораки за ревидирање на Законот за употреба на јазиците. Очекуваат амандманси интервенции.
Партиите на Албанците тврдат дека Законот е добар и нема потреба од негови измени.
Во драфт веризјата Венецијаската Комисија наведува дека законот оди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски во јавните институции.Бараат од Владата да се откаже од одредбите кои се однесуваат на двојазичноста во судските постапки или пак да се регулира употребата на албанскиот јазик во внатрешна и меѓуинституционална комуникација, да се одложи извршувањето на паричните санкции и детално да се преиспитаат причините поради кои е сменет законот од 2008 година.
Јулијана Лефковска Пешевска