
„Напред розово “ – марш против ракот на дојка
По три жени дневно заболуваат од рак на дојка во Македонија. Бројот на заболени за последните 10 години е двојно зголемен. За да ја зголемат свеста за оваа болест неколку генерации од семејства на болни денеска се собраа на „Школка“, да чекорат заедно со оние се борат со оваа болест. По 11 ти пат здружението „Борка“ е организатор на розевиот марш за подигање на свеста во борбата против ракот на дојка.
Eден од главните проблеми со кој се соочуваат овие жени е тоа што не можат навремено да ги направат прегледите кои се потребни за рано дијагностицирање. Години наназад за мамографија и скрининг програма се чека со месеци. Министерот за здавство Венко Филипче, кој даде поддршка на оваа кампања истакна дека мамографите се целосно сервисирани и се во функција од средината на минатиот месец .
Розевата панделка веќе 35 години е препознатлив симбол на светскиот месец против рак на дојка. Секоја година се организираат различни кампањи со цел да се подигне свеста на жените во врска со овој тип на карцином.
Teoдора Цветковска