Протест на жителите на Средно и Горно Коњари заради ископот на реката Пчиња

Околу двесте мештани на Средно и Горно Коњари бараат да прекине еколошката кастрофа која се случува на реката Пчиња заради ископ на песок. Протесираа на крстосницата во близина на општинската зграда на Петровец и скоро два часа, улицата  беше непроодна за автомобили. 

Копањето на брегот на реката ги оставило без  исправна вода за пиење.

Жителите на овие села велат дека сите надлежни се запознаени со ова, но никој не презема ништо.

Ако и понатаму не се одговорни  на нивните барања, подготвени се правдата да ја бараат пред суд.

Ова не е прв протест на луѓето од скопско Коњари.

Минатата година излегуваа на улица со порака дека со  раскопување на коритото на реката се уништуваат и онака лошите услови за живеење.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ