
Ќе се носи нов закон за Агенцијата за разузнавање
Ќе се носи нов закон за Агенција за разузнавање. Постоечкиот е донесен пред 24 години. Ова на членовите на собраниската комисија им го соопштил директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу реферирајќи и за својата четиримесечна работа и најновите кадровски промени.
Седницата беше зад затворени врати, а поради класифицираните информации многу детали не се соопштија. Договорено е до крајот на месецот комисијата да изврши увид во работењето на Агенцијата и на лице место да се увери во компетентноста на новите кадри.
Комисијата донела заклучок сите реформи во безбедносниот систем да се спроведуваат со политички консензус.
Јулијана Пешевска