Проблемите со желудникот недоволна причина Боки 13 да излезе од притвор

И со проблеми со желудникот за кои е потребен редовен лекарски надзор Боки 13 може да избега смета повисокиот апалациски суд oткако тој вчера пред судиите објаснуваше дека е во животозагрозувачка состојба и мора да престојува во болница.

Жалбата му е одбиена ден откако апалација одлучи и екс шефицата на СЈО Катица Јанева осмоничена во „Рекет“ да остане во истражниот затвор во Шутка. Јанева не застанува во правната борба за излез на слобода, а во Апелациониот суд стигна нова жалба од адвокатите по одлуката на Кривичниот суд да и се одбие гаранцијата која ја понуди за укинување на притворот или за замена со куќен. Кривичниот суд ги одби двата стана на синот и ќерката и уште еден стан на член на потесното семејство.

По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован,

стои во одлуката на судот.

Додека папката со предмтот „Рекет“ ги шета двата суда и обвинителството, ниту обвинителството, а ниту кривичниот суд немаат прецизен одговор како во јавноста протектуваат и се тргува со службени документи од предметот „Рекет“. Претседателот на судот Иван Џолев разговрал со вработени кои имале пристап до материјалите и ја променил праксата со транспорт на документите.

Ја зголемивме безбедноста. Сега папките и ковертите ги лепиме со салотејп или ги затвораме со зип-трака, а во доставницата се впишува во каква сотојба се предадени. Од СЈО 4 години чувавме доверливи материјали и до сега не ни случил ниту еден ваков инцидент,

вели Џолев.

Оценката за обвиненито за организаторите за 27 ми април меѓу кои и екс премиерот Никола Груевски денеска влегува во АКМИС системот за да добие судиии кои ќе ја извршат оценката откако адовкатите на осомничените бараа изземња на судии, а за десетина дена треба да заврши овој процес, соопшти Џолев на денешниот брифинг со новинарите.

Околу предмтот „Империја“ на екс СЈО, судот го прифаќа овластувањето за обвнителката Лиле Стефанова која продолжува да го води предметот, а во однос на осомничениот Орце Камчев одново потврди дека неговите два пасоши се во судот, а времениот документ со кој патува изминативе 7 месеци му истекува на почетокот на ноември.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ