Со волонтери ќе се олеснува метежот на Клинички

Митра Манчева е лекар по професија и е во пензија веќе неколку години. Работела како интернист во Институтот за физикална терапија во Скопје. Во секојдневното работење таа знае колкави гужви можат да се случат во и околу болниците. Денес таа волонтира за да ги насочи пациентите кои лутаат во дворот и ходниците на скопските клиники.

Манчева заедно со четиринаесет други волонтери ќе бидат распоредени во различни клиники и ќе чекаат збунети или неинформирани пациенти за да ги однесат до каде што треба и да им помогнат во дел од шалтерските процедури. Лесно се препознатливи во црвените униформи, а министерот Филипче наброи каде се граѓаните можат да ги најдат.

Додека волонтерите се сигурни дека ќе помогнат за побрз проток на пациенти низ болничките лавиринти, министерот за здравство Филипче не е сигурен кога истото ќе важи и за автомобилите во кругот на Клинички. На тендерот за изградба на катната гаража којашто подолго време се најавува не се пријавил ниеден понудувач. Конкурсот ќе биде повторно објавен, но со изменети услови.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ