Реисот со скандалозен одговор на ултиматиумот на Бузаку – нема место за „гејови“ во ИВЗ

По клетвите за судија и новинари и навреди кон најголемата етничка заедница во државата реисот  Реџепи денеска со нова скандалзона изјава, осовј пат насочена кон неговиот опонент за лидер на Исламската верска заедница Скендер Бузаку. Наместо одговор околу поставениот ултиматиум  за повлекување поради навдони финансиски малверзации Реџепи со став дека за „гејови“ нема место во ИВЗ и мора да се избркаат надвор.

Тој не сакаше да одговори што мислеше со оваа скандалозна изјава или да дополни што точно мисли и зошто го кажа тоа. Наместо него, изјавата се обиде да ја ублажи и релативизира муфтијата Мухамер Вејсели, директор на агенцијата за Халал стандартди и член на ИВЗ кој кажа дека доколку има било какви сознанија или докази за криминал кој го инкриминира реисот, треба да ги достави во полицијата или обвинителството.

Бузаку пак без коментар околу изјавата на Реџепи.

Тој повтори дека утре ќе ги достави до обвинителството и полицијата сознанијата и доказите за криминал на Реџепи кои тој ги поседува но и дека ќе ја информира и јавноста бидејќи има морлана обврска да го стори тоа.

Апелација пак, на 10 септември ја уважила жалбата на реџепи околу изборот и упишувањето на Бузаку како нов поглавар на ИВЗ а предметот е повторно вратен на одлучување во скопскиот Основен суд 2. Бузаку вели дека не суште не го добил решението но верува во невазисноста на судовите кои според него ќе ја потврдат одлуката со која тој е избран за нов реис.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ