
Рестрикции на вода во Тетово и откако градот почна да се снабдува од два извора
Новиот водовод кој се пушти во употреба не го реши проблемот со водоснабдувањето во Тетово. Тетовци се соочуваат со рестрикции иако се пуштени во употреба и двата водоводни системи, едниот кој се снабдува со вода од шарските извори и другиот од Лешничка и река Пена.
Од Центарот за јавно здравје, не паметат ваква намалена штедрост која е резултат на климатските проемени односно сушниот период.
И планинарите ја регистрираа појава на намалени водотеци и извори што резултира со промена на целиот еко систем .
И таа вода која стигнива во Тетово се губи поради старата градска водоводна мрежа. Нејзината реконструкција значително би ја подобрила состојбата со водоснабдувањето .
Решението лежи и во искористивањето на водата од Шарските извори која кога би се акумилирала во текот на целата година, конечно би се решил проблемот со водоснабдувањето.
Но засега властите немаат никакви најави, ниту за реконструкција на водоводната мрежа, ниту пак за изградба на акумулации, иако состојбата е аларманта со недостигот од водата за пиење. И покрај два водоводи кои едвај имаат 250 литри вода во секунда.
Зоран Димовски