
Кој продава искази на вмешани во „Рекет“?
Протекол ли исказот на осомничениот Зоки Кичеец е прашање на кое обвинителство надлежно за случајот „Рекет“ бара одговори откако неодамна адвокат во овој случај добил анонимен повик од маж кој за пари се обидел да му го продаде исказот кој Кичеец го дал во обвинителстовто за гонење организран криминал. Јавното обвинителство ја потврдува верзијата дека кај нив е пријавен телефонски разговор од адвокат, а пријавата е прадена кај надлежн обвинител.
Кој слика, изнесува, нуди и продава тајни документи од истрагата обвинителстовто се уште немаат одговор. Адвокатот на Зоран Милевски Кичеец, за Телма вели дека тој не земал примерок од исказот на неговиот клиент, кој е даден во Обвинителството, ниту пак поднел барање за да го земе. Адвокатот, Александар Новаковски, вели дека тој од медиумите дознал дека непознато машко лице се јавило на одбраната на Бојан Јовановски. Исказот не го видела ниту одбрната на Јанева, но затоа сомнежот останува во обвинителството, основиот суд, апелација, во процесот на жалби и одлучување за притвор.
Прст во службите на овие институции неодамна впери и државниот обвинител Љубомир Јовевски во интервју за емисијата „КОД“. Извори од обвинителството откриваат дека безбедносните камери вперени кон собата за докази треба да дадат одгвор кој влегувал и излегувал низ таа врата.
Додека се утврдува дали вистина се тргува со исказот на Кичеец, обвинителството се уште работи на истрагата како, пак, сведочењето на пријавителот на аферата „Рекет“ Орце Камчев заврши во порталот „Инфомакс“ за што одгворното лице за објавувањето заработи обвинение по кривичната пријава за откривање на службена тајна. Од Обвинителството велеа дека исказот не протекол од кај нив, а кривичниот одговорноста ја префрли во Обвинитлеството, но кој изнесува информации од истрагата не е утврдено и засега нема никаква одговорност.
Павле Беловски