Напади на грчки хакери врз турски банки

Грчка хакерска група соопшти дека извршила напади врз водечките турски банки и врз една консултантска компанија од сферата на одбраната.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, групата наведува дека нападите претставуваат одговор на „турските провокации“ во реонот на островите Имија/Кардак во Егејското Море.

При нападите, хакерите ги блокирале електронските пошти и кодовите за пристап до банките, меѓу кои е и „Зираат Банкаси“.

Провокациите за кои говорат хакерите се однесуваат на инцидентот од понеделникот вечерта, кога во реонот околу островот Имија/Кардак се судрија турски и грчки брод, при што е предизвикана само материјална штета, но не е повреден ниту еден од членовите на двата екипажи.

Атина и Анкара спорат околу суверенитетот над Имија/Кардак и двете земји го сметаат островот за свој.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ