
(видео) ВМРО-ДПМНЕ во петок ќе објави нова афера тешка три милиони евра
Попретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма ексклузивно најави објавување на нова корпуциска афера поврзана со Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност.
- Од петок ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи серија прес конференции на кои ќе објави нова корупциска афера поврзана со Националната агенција за образовни програми и мобилност којашто и во оваа фаза на интерграција користи ЕУ пари. Ќе обзнинме како се трошеле европските пари. Делени се средства на блиски невладини организции на раководството на агенијата. Исти четири невладини ги добиле проектите и минатата и оваа година. Проневерени се околу 3 милиони евра, сомнителнен е тендерот за избор на ПР агенција. Владата треба да апелира тоа брзо да се испита, бидејќи се проневерени европски пари, рече Николовски.