Средба на Гранковиот независен синдикат на полицијата со ресорните министри- договорена соработка

Гранковиот независен синдикат  на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција денеска оствари средба со министрите за внатрешни работи и земјоделство, шумарство и водостопанство, Оливер Спасовски и Трајан Димковски на која ја поздрави отвореноста на Владата за разговор, соопшти владината прес-служба.

На состанокот, министерите и претставници на Гранковиот независен синдикат, со претседателот Гоце Делчев Тодев, со генералниот секретар на овој синдикат и претседателите на синдикалните организации е разговарано за барањата на Гранковиот независен синдикат, при што е изразена определба од страна на Владата отворените прашања да се решат низ дијалог и соработка.

Разгледани биле барањата за репрезентативноста на Независниот синдикат на полицијата, нивелирање на платите и овластувањата на сите полицајци во државава, за покачување на вредносниот бод за сите шумски полицајци и исплата на средствата за прекувремени работни часови, како и барањето за зголемување на платите во полицијата, шумската, затворската и судската полиција.

Нагласена била одлучноста на Владата за најавеното покачување на платите во јавниот сектор за пет проценти оваа година и за постоечките заложби за натамошни покачувања согласно буџетските можности од наредната година.

  • Договорено е соработката да продолжи на министерско ниво и низ разговори и разбирање, согласно Законот за работни односи и согласно постоечкиот колективен договор да бидат изнајдени соодветни решенија за посочените теми, информират од Владата.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ