Обвинети тајни агенти на УБК ќе се префрлат во МВР без разлика штo државата ги гони и за нелегално прислушување

Обвинети вработени во расформираната УБК ќе си најдат работно место и државна плата во МВР затоа што не конкурирале на огласот за вработување во Агенцијата за национална безбедност АНБ. Таквото законско решение го искористиле повеќе обвинети во случаите Тврдина Таргет, Тврдина 2 и Трезор на СЈО, но и во случаи на обичното обвинителство.

За место во АНБ не се пријавиле ниту бегалците од 5-тата Управа Горан Грујовски и Никола Бошкоски, но не се знае дали тие ќе останат во МВР каде имаа отворено дека поради судски работи не може да доаѓаат на работа или во меѓувреме добиле отказ.

За агенти во новата АНБ се пријавиле и неколкумина вмешани во собраниските инциденти на 27-ми април, но не ги помиале безбедносните тестови и сега и по учеството во кравиот четврток тие ќе останат во државната администрација, затоа што таков е законот. Дека обвинети нема во новиот кадар на АНБ потврди и директорот на службата, откако не се пријавиле на огласот со што си обезбедиле трансфер во МВР.

Но АНБ изминатите неколку недели е на удар на критики, опозиционерот Трајче Димков обвини за фарса и политички примеси во изборот на вработените. Немало полиграфско тестирање и тест на интегритет, а Димков се сомнева дека новите началници од политички причини елиминирале кандидати од УБК.

Директорот Димовски негира и тврди дека селекцијата е чиста, а квалитетот на вработените е проверуван од најмалку 5-мина началници и раководители на службата. За Димков тврди дека го потпишал првиот список, а вели проблемот се појавил при проверка на дополнителни неколку десетици кандидати од кои биле избрани неколкумина. Тука почнаа критиките во јавноста, тврди Димовски.

Иако законска обврска, полиграфот не е искористен поради долгиот процес, но во иднина вработените во АНБ постојано ќе се проверуваат на тој апарат, додека немало ниту една институција во Македонија која има дозвола да врши тест за интегритет.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ