Полицајците од другата страна на барикадите

Го измаршираа Скопје, стоеа зад метални барикади, вееја транспаренти и синдикални обележја.

Секој десети полицаец ја остави униформата дома и излезе на протест во Скопје и во други градови.

Од владата побараа повисоки плати, а од собранието законски измени.

Едно од главните барања на НСП е донесување на колективни договори за затворската и шумската полиција.

Протестот почна од крстосницата кај МРТВ, продолжи кон зградата на ССМ и пред Собранието. На пат кон зградата на МВР, тие застанаа и пред Министерството за правда.

Според нив, еден човек го има решението за сите нивни проблеми.

Министерот Оливер Спасовски не го прашавме бидејќи денеска ги избегна медиумите за прашања од повеќе теми  откако се обрати на настан за безбедносни ризици.

„Достоинствена професија“, со ова мото дојдоа, а на заминување оставија порака дека протестите продолжуваат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ