Македонија ќе добие грант од 10 милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје

Европската инвестициска банка донела одлука на Македонија да и додели грант од 10 милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје како форма за поддршка на реформите кои се спроведуваат во земјата – беше објавено на Самиот на Економист што се одржуваше во земјава.

Инвестициите во сите сфери се непохододни за да здржат лушето во земјата.

Дополнително, од кредитната агенција Модис велат дека врз кредитниот рејтинг на Македонија ќе влијаат и одлуките на ЕУ за стартот за преговори за членство.

Од Владата сметаат дека еден од најголемите предизвици за нашата земја и регионот е работна сила согласно потребите на пазарот на трудот, но и обезбедување на висока продуктивност.

Бизнис секторот со порака дека земјите од Западен Балкан треба што побрзо да се интергиаат со европските пазари.

Самитот треба да даде и заклучоци кои ќе бидат насоки за владите од Западен балкан. Лани ваквиот смаит беше организиран во Белград.

Наташа Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ