
Надзорните и управните одбори на јавните претпријатија контра Антикорупциска
Надзорните и управните одбори на јавните претпријатија не утврдиле одговорност кај раководните лица, за кои Антикорупциската комисија донела одлука дека го злоупотребиле дикрециското право.
Антикорупционерите сега им ги бараат записниците, за да видат на кој начин се одвивала расправата и зошто не е утврдена одговорност, затоа што, според нив, е очигледно прекршувањето на дискрециското право.
Ивановска вели дека има ефект од нивната работа но, се додека луѓето не одлучат дека нема да платат за никаква услуга, а другата страна дека нема да побара пари за нешто што му е работа да го направи, нема да има резултат.
Таа повторно се пожали на условите за работа, кои ни по седум месеци не се променети, а се уште не е направено ниту електронското поврзување со 17-те институции.
Од Транспарентност Македонија, им забележаа дека, треба да си направат листа на приоритети, затоа што губат премногу време на предмети што немаат големо влијание врз буџетот.
Препорака е и, до крајот на годината, антикорупционерите да продолжат со активности за примена на Законот за заштита на укажувачи, како и кадровски да се засилат, особено во делот на проверката на легислативата, затоа што, во моментот во Комисијата, таа работа ја работи само едно лице.
Далиборка Демјанска Цветановска