Кој го уби Ванчо Стоилковски од Кочани?

Се уште не се знае кој го убил 55 годишниот Ванчо Стоилковски од Кочани, откако по семејна расправија и насилство врз неговата жена е пронајден мртов во неговиот дом.

Обудукцијата покажа дека смртта настапила насилно по неколку убоди со нож во пределот на градите.

Од обвинителството информираат дека и официјално ги чекаат извештаите од Судска медицина и крим техника, со цел да го утврдат редоследот на настаните.

Инаку од вчера попладне во полициската станица во Кочани се и неговите двајца синови на возраст од 30 и 25 години.

Семејната драма во ова семејство се случувало во нивно присуство, а според првичните информации од полицијата 30 годишниот син вчера во 5 часот и 20 минути се јавил во полиција, кој информирал дека по семејна расправија и насилство меѓу родителите неговата мајка е повредена.

Кога полицијата и брзата помош пристигнале го нашле и телото на неговиот татко.

46 годишната жена е хоспитализирана во штипската клиничка болница на одделението за неврохирургија со исеченици по телото, повреди на главата и мал излив на мозокот.

Истрагата треба да открие кој го убил 55 годишниот Стоилковски и што се случувало во домот на ова семејство.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ