КОД: Разузнавачките игри на Верушевски и цврстите дивоградби во Охрид

Од оние кои имаат сознанија за случајот, исказот на Верушевски во истрагата за „Пуч“ го оценуваат како обемен, содржаен кој открива како всушност е извршено снимањето и нелегалното прислушување. Верушевски уште тогаш барал да се изврши вештачење за да се утврди точно каде нелегално се прислушувало и кој е одговорен за тоа.

Верушевски при распитот пред обвинител дури и посочил дека обвинителот треба да го изведе вештачењето на опремата во УБК, во петата управа. Таа негова идеја не била прифатена, а еден месец подоцна – опремата за следење на комуникации која не е вештачена била уништена на два скопски отпади за што СЈО го отвори предметот „Тврдина“. Специјалните обвинители докази бараа потоа преку претрес во УБК и со експертска помош од Ериксон кои ги бараа доказите во мрежата кон Телеком. 

Овие извори на КОД тврдат дека целта на тогашниот исказ на Верушевски и на актуелното сведочење е ист, да се изврши вештачење и експертски да се утврди каде е произведено незаконското прислушување и бомбите. Ваквиот исказ го откри КОД во оценката на обвинителниот акт даден пред судот. Верушевски тогаш ќе каже:

Не постои шпиунажа која се фокусира на прислушкување во држава. Таква амбиција нема самата шпиунажа туку има цел да обезбеди содржини кои се од витален интерес за национална безбедност. Прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК. Во истрагата не се обезбедени безбедносни протоколи кои се неопходни за да се утврди оправданост на противправно однесување и кои исклучуваат можност од нелегален пристап.

Но во исказот од понеделник за „Тврдина Таргет“, Верушевски вели поинаку.
Инаку КОД дојде и ди запленети фотографии што Верушевски ги добивал додека бил во притвор за „Пуч“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Мобинг и еротика во скопско училиште и крвав медицински отпад без одговорност 09.02.2020

https://www.youtube.com/watch?v=TWA_KU9W4BY&fbclid=IwAR1UYXWm9Pms6-hgBd445ZbK2NeLRIHf6CfWnKTqAU0lypbHUWkBdSE3728

КОД: Каков отпад се увезува и гори во Македонија? 26.01.2020

https://www.youtube.com/watch?v=AnzxTOUTObQ

КОД открива дека во УБК имало повеќе припадници со двојни идентитети

Досие тајна мисија-ова не е најава за нов филм на Џемс Бонд туку Код открива дека освен Варелов имало и други припадници на службата кои вршеле непријавени мисии со таен...

КОД: Каде се парите од „Рекетот“, убиецот на Јанушев и УНЕСКО драма во Охрид 20.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=UsecpstgTx8&t=1822s&fbclid=IwAR3Z-icCLE2KrOR8yUMz08vInEn48pEeax_LFXrY8khrufWaa01232GF5fs

КОД:Секуловски-Кобрата, осомничениот за убиството на Мартин Јанушев „вшетал“ во затворот иако полицијата го гонеше две години

Реконструкција на КОД: Понеделник. 14-ти октомври. Доцна попладнево. 27-годишен човек полека се приближува кон затворот во Шутка. Завршено е работното време, но таму има и дежурна чуварска смена и повеќе...