
Јанева била следена десетина дена, адвокатите без најава кога ќе дава исказ
Физичко следење на движењето а не следењето на комуникациите се ПИ мерките кои што Обвинителството ги користело во рамките на истргата за случајот „Рекет“.Катица Јанева била следена десетина дена додека Бојан Јовановски и Зоран Милевски биле под будното око на полицајците повеќе од еден месец. Бранителите на Јанева, денеска повторно без нејзинот присуство, вршеа увид во доказите кои Рускоска и нејзиниот тим ги имаат против нивниот клиент но без коментар за тоа што е собрано со ПИ мерките .
За адвокатите е спорно што сеуште ги немаат добиено исказите на Милевски и сведоците дадени во текот на истрагата но и фактот што неколку вештачења кои ги побарало обвинителството сеуште се во тек и со самото тоа нерма да имаат доволно време да извршат увид во наодите.
Засега нема најава кога Јанева ќе даде исказ пред Рускоска. Адвокатите велат дека таа одлука ќе ја донесе исклучиво нивниот клиент.
Нема одговор по двете жалби кои ги поднесоа адвокатите, едната против реѓението на Кривичениот совет за продолжување на притвор а втората одлуката на судијата на прехтодна постапка кој го уважи барањето на Обвинителството.
Јанева засега останува во притвор, заедно со првосомничениот Бојан Јовановски, додека Зоран Милчевски од минатата недела е во куќен притвор. Обвинителството, минатиот понеделник соопшти дека истрагата во случлајот „Рекет“ која е поврзана со случајот „Имеприја“ е завршена.
Огнен Чанчаревиќ