Заев: Верушевски ќе се дообјасни на следното рочиште

Премиерот Заев комуницирал со Верушевски  и очекува работите околу бомбите да бидат појасни на второто рочиште. Нормално е да бидам информиран од мојот советник за национална безбедност, она што е битно е дека форензиката ја потврди автентичноста на аудио материјалите кои во тој период беа предадени на Верушевски, вели Заев.

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски во сведочењето за „Таргет-Тврдина“ на 23 септември рече дека документацијата доживеала страотни модификации по неговото лишување од слобода во 2015 година. Ја негираше и неговата вклученост во преземањето на бомбите од разузнавачите во УБК Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски трдејќи дека тој само ги обработувал.

Обвинителката Фатиме Фетаи оцени дека неговата изјава нема да влијае врз постапките што ги водеше СЈО а ги презеде редовното обвинителство. Никогаш во судница обвинетите не ја кажале онаа фраза, сечени, лепени, монтирани, рече Фетаи.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ