Не се знае дали ќе има судии за процесот за организаторите на Крвавиот четврток

Осум од вкупно девет судии од организиран криминал не може да го работат предметот за организаторите на крвавиот четврток. Процесот е блокиран уште на оценка на обвинението поради тоа што адвокатите на обвинетите барале изземање на судиите. Сите оссумина имале некаква поврзаност со претходниот процес за крвавиот четврток.

Прва праксата ја започна судијката Добрила кацарска која сама бараше изземање  за тоа што за истиот настан веќе беше судија на процесот за учесниците во инцидентите во Собранието на 27 април. Претсдеателот на судот ја иззема неа но и нејзиниот колега со кој заедно беа во судечкиот совет. По ова во два наврати биле назначени по тројца судии кои требало да го оценуваат обвинението, но за сите е барано и дозволено изземање за тоа што и тие претходно работеле на оценка на претходните обвиненија поврзани со крвавиот четврток. Сега е останат само еден судија од тој оддел кој би можел да го оценува обвинението а требаат тројца.

Доколку обвинението на Вилма Русковска помине кај ново делегираните судии, ке се создаде уште еден проблем.  Ќе треба да се донесат уште минимум двајца судии од други одделенија за да го судат предметот. Сепак претседателот на кривичен е оптимист дека за брзо време ќе се случи барем оценката на обвинението. Останува нејасно и како акмис системот ќе има избор на судии ако сите се елиминирани од него. Инаку за организација на крвавиот четврток се осомничени Никола Груевски, Трајко Вељановски, Миле Јанакивески, Спиро Ристовски, Никола Бошковски и Владимир Атанасовски.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ