Џолев: 8 од 9 судии од одделението за организиран криминал се изземени од процесот за организаторите на упадот во Собранието

Адвокатите на обвинетите за организирање на инцидентите од 27-ми Април 2017-та во Собранието го блокираат процесот за оценка на обвинението.

Претседателот на Кривичниот Суд, Иван Џолев потврдува дека имало закажано неколку рочишта за оценка, но во сите адвокатите барале изземање на некои од судиите во кривичниот совет.

Образложението било дека соседите биле поврзани со претходниот процес во истиот суд.

Од девет судии од кривично дури осум се изземени па поради тоа сега претседателот ке делегира судии од други одделенија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ