
За Караџовски нема ништо страшно во извештајот за „Акмисот“
Извештајот за злоупотреби со „Акмисот“ никако да дојде на дневен ред на седница во Судскиот совет. Постапката се уште е заглавена кај вадењето на безбедносни сертификати на членовите на советот. Само 6-мина имале, вели претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски кој го видел извештајот, но не му е јасно зошто е воопшто класифициран. Вели немало ништо помпезно, ниту страшно. Не сакаше да говори конкретно за забелешките меѓу кои и дека 860 предмети во Кривичен кои не биле доделени на судија
Но, веднаш на дневен ред се најде предлогот за дискусија околу медиумиското известување за „Акмисот“. Членот на советот избран од Собранието во 2016 година, Владе Богдановски побара да се дискутира за дебатата на Телма во емисијата „Топ Тема на ваша страна“. Вели, не сум криминалец ниту џелат и барам судксиот совет да ме заштити од навредите. Дел од членовите не се согласија да се дискутираат овие прашања на седница а други порачаа да се внимава Судскиот совет да не се меша на медиумите. На крајот одлучија да ја изгледаат емисијата, па ќе размислат што понатаму.
Караџовски денеска обвини дека се шират лажни вести поради што се создала паника меѓу судиите дека ќе има масовни разрешувања, па судии и претседатели на судови почнале да му се јавуваат на телефон. Објасни дека има 219 претставки против судии и засега само 5 барања за утврдување одговорност. За кои судии не сакаше да открие, но Телма веќе објави дека меѓу нив се и врховните судии кои одлучуваа да се укине притворот за бизнисменот Сеад Кочан.
Елена Ивановска Мукоска